Проблеми во рајот? Се погласни се гласините за нарушени односи меѓу Винисиус и Мбапе

од Nikola Popovski
146 прегледи

Според тврдењата на новинарот на „Cadena SER“, Антон Мена, односот меѓу Килијан Мбапе и Винисиус Јуниор во Реал Мадрид „не е толку добар како што изгледа“.

Мбапе минатото лето пристигна во Мадрид како слободен играч од Пари Сен Жермен, но мораше да се прилагоди на улогата на централен напаѓач, со оглед на тоа што Винисиус ја зазеде својата преферирана позиција лево крило.

Иако на почетокот имаше проблеми со адаптацијата, а и самиот призна дека го допрел дното откако промаши пенал против Атлетик Билбао, Мбапе на крајот се адаптираше и научи да соработува со Винисиус. Сепак, нивниот однос се уште предизвикува контроверзии кај шпанската јавност.

„Ни продаваат братство кое не постои“, тврди Мена. „Не се бараат еден со друг на теренот, не се пронаоѓаат, а тоа ѝ штети играта на Реал“, додал новинарот.

Неговите зборови доаѓаат откако поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, забележал дека двајцата „меѓусебно си пречат“.

И покрај критиките, и двајцата постигнаа гол во победата од 2-1 над Рајо Ваљекано, а претходно медиумите ги прозиваа дека не го дале очекуваниот придонес во победата од 2-1 против Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Слични содржини