Проблемите со Брегзит продолжуваат: Нема договор на повидок

од Nikola Popovski
241 прегледи

Главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние, им соопштил на своите колеги од Брисел дека по Брегзит се уште не е постигнат трговски договор со Велика Британија.

Барние изјавил дека трите најчувствителни прашања не се решени, но дека тој ќе продолжи со разговорите денес со Дејвид Фрост, претставникот на Велика Британија, објави Ројтерс.

Барние не е оптимист во врска со конечните резултати од преговорите со Велика Британија и тоа им го соопштил на националните амбасадори на ЕУ за време на денешниот брифинг, откри неименуван висок дипломат на Унијата.

Дипломатот, кој бил на брифингот, известил дека Барние им рекол на своите колеги од ЕУ дека постојат очигледни разлики меѓу двете страни и дека топката сега е во полето на Борис Џонсон, премиерот на Велика Британија.

Слични содржини