Проблемот со струјата во Скопје ќе се реши за еден час, најавуваат од ЕВН Македонија

од Nikola Popovski
67 прегледи

Проблемот со струјата во делови од Скопје, особено во Аеродром и Ново Лисиче каде што од вчера немаат електрична енергија, ќе се реши за еден час. Вакви се најавите од ЕВН Македонија. Оттаму посочуваат дека во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои немаат струја.

-Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ за да го поправат дефектот кој настана како резултат на вчерашното силно невреме кое го зафати Скопје. Во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои се засегнати од прекинот, а снабдувањето се очекува да се нормализира за околу еден час. ЕВН Македонија изразува голема благодарност до МЕПСО и ЕЛНОС Скопје за несебичниот ангажман и дадената поддршка во вакви кризни и итни состојби, велат од ЕВН Македонија.

Повеќе од 12 часа, околу 33 илјади домаќинства во главниот град се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.

Според информациите објавени синоќа, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Слични содржини