Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува до октомври и ноември да се испечатени учебниците.
-Очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници за основно и средно образование, да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, изјави министерот.
Тој напомена дека проблемот со учебниците е од порано и не само во оваа учебна година.
– Кога почнав да ја вршам функцијата министер, граѓаните бараа беа печатените учебници да се вратат во процесот. Јас ја поддржав дигитализацијата но исто така реков дека ќе ги вратиме и печатените учебници, а за да тоа се случи потребно беше да се формира национална Комисија која треба да го има пред вид Законот за учебници. Комисијата веќе има одобрени учебници, завршуваме со процесот на жалби за економски оператор, а по затворање на овој процес и одобрување на учебници, очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, истакна министерот Шаќири.