Портрет на кинескиот комунистички лидер Мао Дзедун, нацртан од познатиот американски уметник Енди Ворхол (1928-1987) беше продаден на аукција во Хонг Конг.
Купувачот на сликата е азиски колекционер, кој побарал да остане анонимен. Аукцијата остана во границите на предвидувањата, кои му даваа од 90 – 120 милиони хонконгски долари (11,6 – 15,5 милиони долари) на аукција на “Сотби”.
Сликата на основачот на Кинеската народна република е нацртан од кралот на поп-артот во 1973 врз свила со акрилни бои. “Големиот кормилар” е прикажан во црвена блуза на кафеава позадина.
Ворхол има цела серија разнобојни потрети на Мао во голем формат во ист стил. Димензиите на продаденото денес платно се 127 на 106,6 см.
Енди Ворхол е култна фигура во историјата на движење во уметноста што го доби името “комерцијални поп арт”. Во 1962 година тој почна да го слика дизајнот за познати американски производи како Кока Кола и конзервирана супа Кемпбел. Потоа работи како фотограф и уметник со ѕвездите на времето. Прави портрети на Мерилин Монро, Елвис Присли, Лајза Минели, Џими Картер и мнаго други. Останува еден од најпродаваните уметници на модерните времиња.
Мао Дзедун е кинески револуционер, политичар и теоретичар на комунизмот. Тој ја предводи Кинеската комунистичка партија во 1943 година, а од нејзиното основање во 1949 година до својата смрт во 1976 година е на чело и на Кинеската народна република.