Продадени три имоти на Мијалков – 244.000 евра во државниот буџет

од Stefanija Kuzmanovska
538 прегледи

Агенцијата за управување со одземен имот успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно 3 одземени недвижности согласно Јавниот оглас за продажба на одземен имот, која се спроведе по пат на електронско јавно наддавање, наведуваат во соопштение од овој државен орган.

Имено станува збор за 3 недвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК – ПП бр. 283/2022 се одземени од Сашо Мијалков.

„Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244 000 евра“, стои во соопштението.