Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу денеска информираше околу продажбата на четири недвижности на поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков, кои се одземени со правосилна судска пресуда.
Продажбата се одвивала по пат на аукција.
-Три станови на улица Славејко Арсов и гаража од 30м2. За недвижностите имаше наддавање и истите завршија успешно. Со тоа, во државниот Буџет ќе бидат уплатени парични средства во вкупна вредност од 332 илјади и 276 евра. Ја информираме јавноста дека продолжуваме понатаму по истиот пат и ќе објавиме оглас за продажба и на други надлежности, рече Небиу на прес-конференција.
Претходно беа продадени три недвижности од имотот на Мијалков, во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244.000 евра, според информациите од Агенцијата.
Претходно, во јули годинава, на аукција на берза беа ставени запленети акции на Мијалков.
Порашениот шеф на ДБК призна вина во случајот „Империја“ и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот „Мериот“.