Продадено „исечено“ дело на Бенкси, постигната неверојатна цена

од Vladimir Zorba
391 прегледи

Делумно исечено платно, едно од најпознатите дела на британскиот уметник Бенкси, продадено е на аукција во Лондон за повеќе од 21 милион евра неколку години откако во истата аукциска куќа пред неколку годни го промени сопственикот за околу милион евра.

Цената постигната за „Љубовта е во канта“, според аукциската куќа „Сотби“, е рекорд за уличен уметник.

Платното со оригиналното име „Девојката со балон“ се најде на насловните страници откако во 2018 година, по завршувањето на аукцијата, секач скриен на сликата делумно го пресече платното пред запрепастените луѓе.

Аукциската куќа потоа му понуди на лицето кое штотуку го купи платното за 1,1 милион фунти да се откаже од купувањето, но тоа одби и го задржа платното.

Пред аукцијата во четвртокот, „Сотби“ оцени дека платното може да достигне цена од пет до седум милиони евра, но продажната цена многукратно ја надмина проценката.

Слични содржини