Пронајдена неодамна украдената слика на Бенкси

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Една од најпознатите слики на британскиот уличен уметник Бенкси, „Девојка со балон“, е пронајдена откако беше украдена од галерија во Лондон минатата недела, а двајца мажи се обвинети, соопшти полицијата.

На сликата девојка посегнува по црвен балон во форма на срце, а во Лондон и на други места има неколку мурали со истиот мотив. Сликата е единствениот предмет украден на 8 септември, соопшти полицијата, додавајќи дека ќе биде вратена во галеријата.

Во четвртокот двајца мажи на возраст од 47 и 53 години беа обвинети за кражба и приведени. Тие веќе се појавија во судот, каде беа пуштени со кауција, а потоа ќе се појават пред судија на 9 октомври.

Девојката со балон првпат се појави на улиците на лондонскиот кварт Шоредич во 2002 година, а Бенкси создаде верзии на сликата на јужниот брег во Лондон во 2004 година и на израелската бариера на Западниот Брег во 2005 година.

Инаку, Бенкси стана познат по неговите остро иронични графити на отворено со политички теми. Некогаш непознатиот графити уметник од англискиот град Бристол, денес неговите уметнички дела се исклучително популарни и вредни.

Слични содржини