198
Продажбата на нови домови и станови во Соединетите Американски Држави (САД) падна за 0,3 отсто на месечно ниво, на 662.000 единици, објави Министерството за трговија.
Сепак, најголемиот дел од податоците за продажбата беа ревидирани во јануари, од 661.000 на 664.000 единици, пишува Seebiz.
Министерството ги објави и резултатите од споредбата на годишно ниво. Во февруари ова упатува на пораст на продажбата на нови станови и куќи, во износ од 5,9 отсто. Просечната цена падна за 7,6 отсто во текот на годината на 400.500 долари.
Продажбата на североисток падна за 31,5 отсто во февруари во споредба со јануари, додека продажбата на средниот запад падна за 2,4 отсто. Продажбата на запад е зголемена за 2,3 отсто, а на југ за 3,7 отсто.