Манчестер Јунајтед го скршил рекордот за продадени дресови, благодарение на Алексис Санчез, откри потпретседателот Ед Вудворд.
29-годишниот Чилеанец беше земен од Арсенал по договор кој го вклучуваше Хенрик Миктарјан + доплата и по се изгледа дека инвестицијата е повеќе од успешна.
„Алексис Санчез постави нов јануарски рекорд по број на продадени дресови, подобрувајќи го за трипати претходното највисоко достигнување“, откри шефот на стадионот „Олд Трафорд“.
„Овој договор генерира и интересни показатели во социјалните мрежи. Тоа беше најголемиот пост на Јунајтед во Инстаграм со 2 милиони лајкови и коментари, како и најсподелуваниот пост на клубот на Фејсбук и најретвитнатиот наш пост за сите времиња. А хаштагот #Alexis7 беше бр.1 на Твитер“, се пофали Вудворд
„Ако треба да направиме споредба, постот генерира 75% повеќе дејства во споредба со веста за трансферот на Нејмар од Барса во ПСЖ“, додаде Вудворд.