Продолжен рокот за пријавување за вакцинација за новинари и медиумски работници

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) соопштија дека рокот за пријавување за втората фаза од вакцинацијата против Ковид-19 за новинарите и медиумските работницие е продолжен и трае до 23 април (петок).

На овој повик нема ограничувања и може да се пријават сите новинари и медиумски работници кои имаат активен ангажман поврзан со некој медиум, како и слободни новинари и медиумски работници.

Имунизацијата, во соработка со Министерството за здравство се очекува да биде организирана наскоро, за што пријавените навремено ќе бидат известени, како за термините, така и за локацијата.

Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за првата фаза од вакцинацијата, се ставени на списокот за вториот круг на вакцинирање.

„ЗНМ и ССНМ ги замолуваат пријавените да ја проверат точноста на контакт податоците (електронска пошта) кои ни ги доставиле и доколку увидат одредени грешки да не известат во најкус можен рок за да не доаѓа до недоразбирања при известување за термините. Начинот на пријавување е ист како и за првата фаза и ќе оди преку редакциите кои треба да достават список на електронската пошта: [email protected] единствено со испраќање на пополнет формулар кој можете да го симнете тука. Напоменуваме дека ќе се прифаќаат пријавите кои се испратени исклучиво во овој образец во кој треба да биде означено одговорно лице за контакт од редакцијата“, посочуваат од организациите.

Рокот за поднесување на формуларот е 23 април (петок) до 24 часот.

Во врска со терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат контактирани од претставник на Министерството за здравство или од претставник од новинарските организации.

Обврската за веродостојноста на информациите е на товар на одговорното лице посочено во формуларот.

Слични содржини