Светската здравствена организација (СЗО) го дефинира пролонгираниот ковид-19 како болест што се јавува во рок од три месеци од инфекцијата со коронавирусот, пишува „Експрес“.
Симптомите на продолжениот ковид главно беа „мозочна магла“, главоболка и замор, но според неодамнешните наоди списокот на симптоми станува се подолг.
Како што еволуираше коронавирусот, така се развиваше и неговиот спектар на симптоми. Научниците неодамна открија дека компликациите како што се еректилната дисфункција и опаѓањето на косата сега се вообичаени симптоми кај пациентите кои страдаат од Ковид-19.
Сепак, добрата вест е што експертите веруваат дека овие проблеми не мора да бидат трајни.
Ова истражување, објавено во медицинското списание BMJ, наведува дека луѓето кои страдаат од Ковид-19 пријавиле поширок опсег на симптоми отколку што се мислеше, наведувајќи ги опаѓањето на косата и сексуалната дисфункција како вообичаени симптоми на инфекцијата.
Истражувањето го спроведоа научници од Универзитетот во Бирмингем во Англија, а произлезе од анализа на анонимни медицински досиеја на повеќе од два милиони луѓе од Велика Британија.
Извештаите за еректилна дисфункција поврзана со Ковид се зголемија, а истражувачите веруваат дека одредени фактори може да ја зголемат веројатноста за овој симптом. Компликацијата може да биде почеста кај мажи со потешки случаи на инфекција.
Д-р Амарант Рамбатла, уролог, верува дека постарите мажи може да бидат изложени на зголемен ризик поради пониските нивоа на тестостерон.
Постарите мажи имаат подеднакво поголема веројатност да имаат зголемен воспалителен одговор на ковид-19 и може да имаат други фактори на ризик за тешка болест, како што се дијабетес, висок крвен притисок и кардиоваскуларни проблеми.