Продолжено работното време на кафулињата и клубовите во Киев

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Полицискиот час за време на војната во Киев ќе се намали за еден час за да се поттикне бизнисот, објави администрацијата на главниот град на Украина.

Од почетокот на војната минатиот февруари, жителите на Киев и сите други градови ширум Украина се предмет на регионално воведен полициски час од безбедносни причини.

Ноќните посетители на баровите и клубовите кога си одат дома се соочуваат со испрашување, казнување или регрутирање од страна на полицијата и војниците кои патролираат по улиците на украинските градови ноќе.

Шефот на градската управа во Киев, Сергеј Попко, изјави дека полицискиот час во иднина наместо во 23 часот ќе започне на полноќ, пишува „Гардијан“.

Со тоа ќе се продолжи функционирањето на јавниот превоз, кој, смета Попко, треба „да помогне во намалувањето на социјалните тензии, зголемување на производството и отворање нови работни места“.

Слични содржини