Властите во Јапонија продолжија со операциите за спасување и потрагата по 20 исчезнати лица откако започнаа одроните во близина на градот Атами.
Во извештајот на агенцијата Кјодо се вели дека најмалку две лица загинале, а десетмина биле спасени кога започнал одронот, носејќи огромна количина кал на повеќе од 80 станбени згради, пренесува „Ројтерс“.
Премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, формираше работна група задолжена за оваа вонредна состојба и ги повика луѓето што живеат во загрозените подрачја да останат во состојба на готовност.
Акцијата за пребарување и спасување, во која учествуваат околу 700 припадници на полицијата, армијата и противпожарната служба, не е прекината, а од утрово 387 лица се евакуирани од погодената област.
Rescue operation is underway after a massive mudslide in central Japan left 2 dead and 20 missing. The massive mudslide was triggered by torrential rain. #GLOBALink pic.twitter.com/RIpud5Az76
— China Xinhua News (@XHNews) July 4, 2021