343
Уште 68 точки денес се на дневниот ред во рамки на 34. седница на Собранието, која вчера на својот почеток на дневен ред го имаше гласањето за доверба на Владата.
Дел од законите се во второ, иако повеќето се наоѓаат во фаза на прво читање.
Инаку дел од оние закони кои се по скратена постапка се измените и дополнувањата на Законот за прекршоците, додека во прво читање Законот за постапување со бесправно изградени објекти, измените на Законот за оружјето, измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија.