Продолжува агонијата на Федерер

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Швајцарецот Роџер Федерер, кој неочекувано се повлече од Ролан Гарос, доживеа шокантна елиминација во второто коло на турнирот во Хале, Германија.

Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим беше поуспешен од него во три сета со резултат 4:6, 6:3, 6:2.

Очигледно годините и физичка подготвеност се појавија во прв план.

Роџер, кој се повлече од Ролан Гарос, поради проблеми со колената, кои ги оперираше и беше на рехабилитација една година, не можеше да му парира на многу помладиот Феликс.

Слични содржини