Продолжува да опаѓа нивото на Охридското езеро

од Nikola Popovski
324 прегледи

Состојбата со Охридското езеро сеуште критична,научната фела смета дека најголемата грешка е што водниот басен стана акумулација за производство на електична енергија. Според табелата на ЕСМ водостојот денеска е на 693,08 м.н.в или 2цм под минимално дозволената кота.

Од Хидробиолошкиот институт велат дека треба да  се изнајде модел кој ке ги опфати договорите помеѓу Македонија и Албанија кои треба да претрпат ревизија  за понатамошно успешно  управување со Охридското езеро.

„Најголемата грешка е што се дозволи Охридското Езеро да се користи како акумулација за производство на електрична енергија. Имаме контрола на нивото на Езерото од организација која произведува електрична енергија. Со новите планови, кои се во фаза на разработка, овој момент треба да се промени. Треба да се утврди кога можат да се вршат вакви осцилации, но не под минималната кота, односно во кој период од годината Езерото може да биде употребено за производство на електрична енергија во рамките на дозволените количини за тоа“, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Зголеменото користење на водните ресурси на Охридското Езеро предизвикува осцилации кои негативно влијааат  по живиот и  растителниот свет но доведуваат и до нарушување на објектите на самиот брег.

Слични содржини