Продолжува комисиската расправа за ревизорските извештаи за Онкологија

од Nikola Popovski
214 прегледи

Во Комисијата за финансирање и буџет, продолжува расправата за конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за 2021-ва, во Клиниката за онкологија. На претходните две седници, членовите имаа можност да поставуваат прашања до главниот државен ревизор Ацевски и до државниот јавен обвинител Јовески. Со ревизијата е утврдено дека има проблем во начинот на кој се водело издавањето на терапијата, лицата кои се ставаат на терапија, набавката и евиденцијата.

Утре пак продолжува со работа и Анкетна комисија за скандалот во Онкологија. На распит се очекува да се појават поранешниот и актуелниот министер за здравство, Венко Филипче и Фатмир Меџити. Претходно беа сослушани ексминистерот за здравство Сали и министерот за внатрешни работи Спасовски. За вечер пред Владата повторно е најавен протест. Се бара брза разрешница на случајот.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пред неколку дена соопшти дека е можно во некоја од соседните земји да има вештачење за случајот „Онкологија“. Тој потврди дека соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации, но што ќе покаже таа соработка, засега е отворено прашање.

Според Јовески, неблагодарно е да се прогнозира кога ќе има конкретен обвинителен акт. Многу поважно е, нагласи, да се дојде до вистината, односно до релевантни податоци – кој што направил во конретното дело.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на втората седница на Анкетната комисија информира дека се водат финансиски истраги за околу седум лица од Клиниката.

Слични содржини