Владата на Република Северна Македонија подготви безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани кои ни пристигнуваат денеска со летовите од Виена и Базел.
За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин.
Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои денеска пристигнуваат со летот од Базел во 20:25 часот, со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ – Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самоил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација.
На нашите сограѓани во државен карантин им посакуваме здравје и што полесно да го поминат карантинот, а до сите останати сограѓани апелираме да ги следат мерките за заштита и да останат во своите домови.