Продолжува падот на ВРЕДНОСТА на пазарот на криптовалути

од Vladimir Zorba

Според веб-страницата „Коингеко“, утрово продолжи трендот на опаѓање на вредностите на повеќето од најпознатите криптовалути во светот.

Биткоинот, во последните 24 часа, забележа пад на вредноста од 0,7 проценти, т.е. во моментов се тргува со 32,927 долари. Во последните 7 дена неговата вредност падна за вкупно 2,4 проценти.

Втората најпозната криптовалута на пазарот, етереум, забележа пад на вредноста од 4,3 проценти, а во моментов се тргува по цена од 2.123 долари.

Остатокот од пазарот, исто така, го продолжи трендот на опаѓање,

Кардано падна за 3,1 процент, Рипл, за 2,7 проценти, Доџкоин за 4,8 проценти, Полкадот за 3,5 проценти итн.

Слични содржини