532
Утринава продолжи потрагата по 16-годишното момче кое се удави во Претор.
Потрага по момчето синоќа беше привремено прекината поради временските услови.
Нуркачките екипи од Охрид вчера цел ден трагаа по телото на 16- годишното момче од Ресен.
,,Во 18,18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби, соопштуваат официјално од МВР.
Според очевидците , до давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.