Продолжува потрагата по телото на убиената Данка Илиќ од Бор

од Vladimir Zorba

Потрагата по телото на убиената двегодишна Данка Илиќ од Бор продолжува, а на двајцата осомничени за убиството им е одредена мерка притвор до 30 дена.

Уапсени се и братот и таткото на еден од осомничените, под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на девојчето.

Полицијата вчера извршила увид во дворовите на соседите и околните бунари, а во селото Злот, пред куќата на Д.Д., осомничени за убиството на девојчето, биле донесени резервоар за одвод на септичка јама и багер.

Слични содржини