267
Железничкиот сообраќај во државава и денеска е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт.
Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.
Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите.
И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај исто така поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата.