182
Ракетниот напад од Појасот Газа врз јужниот дел на Израел продолжи и утринава по неколкучасовно затишје, јавуваат израелските медиуми.
Пријавен е најмалку еден директен удар во зграда во станбена населба во градот Сдерот. Итната помош соопшти дека во тие напади едно лице е полесно повредено, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Според израелската армија, палестинската милитантна група Хамас истрелала повеќе од 5.000 ракети од саботата, кога го започна нападот врз Израел.