Како што јавуваат дел од медиумите, само петнаесетмина вработени се појавиле на работното место.
Претседателот на независниот синдикат на машинскиот персонал, кој вчера се сретна со менаџментот на компанијата побара и средба со владини претставници.
За Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонска Железница понудениот колективен договор е неприфатлив, бидејќи, како што велат е направен без консулатции со нив.
Повеќе од 50 вработени кои ја бојкотираат работата, барајќи повисоки надоместоци и бенифициран стаж, утрово останаа пред капиите на претпријатието.
Како што изјави за Телма, претседателот на назависниот синдикат на машионскиот персонал Душко Чакаровски, забраната за влезот им ја соопштил портирот кај кого имало список со 52 вработени кои штрајкуваат и кои тој не смее да ги пушти внатре.
„Ќе доставиме писмо до Министерството за транспорт и до Владата дека колективен договор без наша согласност, односно од машинскиот персонал е неприфатлив и ние нема да го почитуваме“, вели Чакаровски.ци.