Продолжува собирањето потписи за основање на политичката платформа НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО

Ќе продолжи примената на членот од законот според кој независните групи ќе бидат претставени само со имињата на носителите на листите, наместо со називот на групата, односно ќе стои „група избирачи“ и името и презимето на носителот на листата. Ова отвора можност да се појават слични имиња со цел да се создаде забуна кај гласачите. Пример: Билјана Ивановска и Биљана Ивановска. Ова веќе се случувало на претходни избори.

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Продолжува собирањето потписи за основање на политичката платформа НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО, соопштија од Шанса за Центар.

Воедно, ги повикаа организираните групи од Македонија да се приклучат, а сите граѓани на Македонија, доколку сакаат да ни дадат поддршка, тоа да го направат оваа недела.

“Овој правилник ќе важи САМО за овие избори. Не сакаме повеќе неизвесност „пет до дванаесет“, порачаа вчера преку социјалните мрежи.

Ќе продолжи примената на членот од законот според кој независните групи ќе бидат претставени само со имињата на носителите на листите, наместо со називот на групата, односно ќе стои „група избирачи“ и името и презимето на носителот на листата. Ова отвора можност да се појават слични имиња со цел да се создаде забуна кај гласачите. Пример: Билјана Ивановска и Биљана Ивановска. Ова веќе се случувало на претходни избори.

Постои можност, според нив, наместо јасна листа за гласање, да добиеме тетратка со голем број имиња, каде партиите ќе бидат најгоре, а под нив ќе следат долги списоци со имиња.

Исто така, пристапот до медиумите, избирачкиот список и другите ресурси со кои располагаат партиите останува непроменет. Нерамноправноста продолжува, велат оттаму.

Слични содржини