Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“ на Боки 13

од Берта Китинска
339 прегледи

Денеска во Основниот Кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”.

Првообвинет во овој судски предмет е Бојан Јовановски, кој од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција се сомничи за кривичните дела измама и перење пари.

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација беше одложено за 3 март, на барање на надлежен јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа.

– Заради интерес на медиумите кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ ја информираме јавноста дека по барање на надлежниот јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа, судењето се одлага, за што веќе се известени странките во постапката. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 03.03.2021 година, стоеше во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Ерцеговиќ.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска и се наоѓа во доказна постапка.

Слични содржини