Продолжува судењето за „Рекет“, Јанева ќе презентира докази

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Во Кривичнот суд Скопје, денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“. За денеска е предвидено да се започне со презентација на материјалните докази на второобвинетата поранешна специјална обвинителка, Катица Јанева.

Катица Јанева

Според одбраната на Јанева, голем дел од доказите ќе се однесуваат за случајот „Империја“ на СЈО во кој беше обвинет еден од свеодците во „Рекет“, Орце Камчев.

Откако ќе се заврши со материјалните докази, наредната недела ќе се започне со испитување на сведоците на Јанева.

Во судот како сведоци се очекува да дојдат поголемиот дел од обвинителите на поранешното СЈО.

Слични содржини