Продолжува судењето за „Тортура“, случајот е во доказна постапка

од Берта Китинска
294 прегледи

Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Тортура“.

Судењето се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште на 8.03.2021 година беа сослушани обвинетите Ивица Анчевски и Петар Милошевски, денеска продолжи судењето за случајот „Тортура“, кое се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Според кажаното пред Судот, обвинетиот Анчески за акцијата за приведување на Бошкоски „разбрал на 6 јули 2011 година, односно наредба добил од тогашниот началник на СВР Скопје. Обвинетиот Петар Милошевски, пред Судот изјави дека на 6 јуни 2011 година добил наредба од негов претпоставен во најбрз можен рок се појави позади Министерството за економија. Тој во судницата рече дека : раководителот им објаснувал дека ќе се одвива акција каде ќе биде уапсено лице кое има обезбедување и дека најверојатно се работи за дилер на дрога“.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Предметот „Тортура“ се однесува на начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година. Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување” од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа”.

Слични содржини