Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

од Nikola Popovski
61 прегледи

Продолжува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче, откако Боре Видевски, еден од тројцата обвинети за соучесништво, минатиот понеделник беше вратен во затворот во Шуто Оризари од Нефрологија, каде се лекуваше. Први сведоци ќе бидат мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, и роднините на велешанецот Панче.

На првото појавување во судот на 20-ти септември обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина и го оспорија мотивот користољубие. Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се обвинети за соучесништво, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е во домашен притвор, е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

Вања и Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24-ти и 27-ми ноември лани, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3-ти декември.

Слични содржини