Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Попладне, во северозападните и северните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 7.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Денес во северозападниот дел од земјата и делови од скопскиот регион во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд проследен со грмежи.
Температурата ќе достигне до 31 степен.
Следува период на постабилно време и ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Претежно во планинските региони и од крајот на работната недела ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.