167
Во последните 24 часа, во Србија се потврдени 7.393 случаи на коронавирус, а починале 56 лица, објави тамошното Министерство за здравство.
Тестирани биле вкупно 21.799 лица, а 323 пациенти се приклучени на респиратори во одделенијата за интезивна нега.
Епидемиолозите во Србија најавуваат дека мерките што се временски ограничени до 15 декември можат да бидат продолжени.
За време на викендите, работата на сите објекти е забранета, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.