Продолжува важноста на дозволите и пасошите, кој сака може да извади нови

од Берта Китинска
270 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година.

„Имено, на 51-вата седница на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба, со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.

Тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР“, велат од МВР.

Слични содржини