584
Тројцата Срби кои беа убиени пред осум дена во Бањска беа погребани вчера, а на еден од погребите видени биле и Милан Радоичиќ и Петар Петковиќ. Тој погреб не беше на Косово, пренесе „Нова.рс“.
Претходно социјалните мрежи беа преплавени со видеа на кои навивачите им оддаваат почит на убиените, потоа видеа од наводното повлекување на војската и секако од рано утрото видео од пораката на претседателот на Инстаграм. Во неа тој најавува дека ќе објави докази за тоа како некои биле убиени.
Во меѓувреме, министерот и директорот на косовската полиција објавуваат снимки од запленетиот дрон и тврдат дека групата вежбала на Пасуљанските ливади четири дена пред нападот.