Продолжуваат гужвите на „Богородица“ и „Табановце“

од Nikola Popovski
832 прегледи

И покрај тоа што завршува летната сезона, се уште има зголемена фреквенција на возила утринава на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава. Од АМСМ информираат само за гужви на двата гранични премини, без конкретен временски период колку се чека.

Според камерите на ЈПДП, во моментов на „Богородица“ се пуштени три коловозни ленти и може да се забележи дека возилата споро се придвижуваат.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини