Продолжува притисокот врз лидерот на на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да свика конгрес.
Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес побара од Мицкоски да одговори на барањата на незадоволните членови во партијата и да се соочи со резултатите од неговата работа досега.Од одборот не кажуваат колку луѓе стојат зад иницијативата но се сигурни дека ќе има се повеќе.
“ Мицкоски не уверуваше дека победата само што не дошла. Се сервираа нереални анкети во кои убедливо водевме. За жал, се покажа дека тоа било само лажна надеж, купување време и мир во партиската структура.Се покажа дека Мицкоски бил лажна надеж. Се покажа дека нема капацитет да ја консолидира партијата, наместо тоа тој го подели членството на кредибилни и некредибилни, на инфицирани и неинфицирани … Се покажа дека тој не може да ја врати партијата на победничките патеки”, напиша Марина Кавракова, претседателка на градски комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и член на иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес.
За денес е закажана прес конференција на овој одбор на која ќе му пратат порака дека треба самиот да се одважи и да се соочи со членството.