Годинава продолжува и финансиската поддршка за граѓаните, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
– 130 илјади евра се предвидени за трошоците за сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 отсто, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство, или до 70 отсто, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања, рече Бектеши.
За замена со ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата се предвидени над 350 илјади евра, односно субвенционирање 50 % но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања.
-Годинава продолжува подршката за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети.За набавка на печки на пелети се предвидени 227 илјади евра односно секое домачинство ќе се подржува до 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања.Оваа година повторно ќе биде објавен јавен повик за надоместување до 50 отсто од трошоците за вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило, рече Бектеши.