Продолжуваат тензиите: Москва ќе воведе санкции на чешкото пиво

од Nikola Popovski
297 прегледи

Руските власти ја разгледуваат можноста за асиметрични мерки против Чешка, а една од опциите е разгледување на ограничување на увозот на одредени производи од чешко производство, поточно пивото, пишува весникот „Комерсант“, повикувајќи се на два извори од државните структури на Русија.

Според еден од нив, Москва „можеби ќе мора“ да прибегне кон економски санкции, затоа што „невидените агресивни активности на Прага, на кои не може да се одговори реципрочно, не треба да останат без одговор“.

„Ако постапуваме според реципроцитет, тогаш сите Чеси треба да бидат протерани заедно со амбасадорот, скоро до прекинување на дипломатските односи“, рекол еден од изворите.

Според Федералната царинска служба, во 2020 година, трговијата меѓу Русија и Чешка во 2020 година изнесувала повеќе од 5,2 милијарди долари.

Ограничувањата можат да влијаат на која било сфера на индустрија, но руските власти ќе започнат од принципот „да не си нанесуваш штета“, се наведува во текстот.

Еден од изворите на „Комерсант“ смета дека чешкото пиво ќе биде забрането, чиј увоз во 2020 година изнесува повеќе од 38 милиони долари. Во исто време, ограничувањата нема да влијаат на компаниите во Русија, кои произведуваат чешки пива според лиценцата.

Во моментов во Русија се увезуваат околу десет брендови чешко пиво, посочува директорот за правни прашања на компанијата „АБ ИнБев Ефес“, Ораз Дурдијев. Според него, основниот удел во категоријата го окупираат лиценцирани чешки сорти.

„Ако увозот на голем број чешки производи е навистина забранет во Русија, тоа ќе биде нова пресвртна точка во конфликтот“, заклучува „Комерсант“.

Слични содржини