190
Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руските јуришни единици окупирале уште три населби во западниот дел на Бахмут.
„Руските воздушно-десантни трупи ги поддржаа акциите на нашите напаѓачки одреди и ги неутрализираа украинските единици кои дејствуваа против руските сили“, се вели во соопштението.
Руското министерство за одбрана понекогаш ги нарекува формациите на приватната паравоена организација Вагнер како „јуришни единици“, наведе „Ројтерс“.
Украинските и руските сили со месеци се борат за контрола над градот Бахмут, од кој поголемиот дел е целосно уништен и во урнатини.