Проект „тежок“ 10 милиони евра: Земја од ЕУ ја скратува работната недела, а платите остануваат исти

од Nikola Popovski
200 прегледи

Шпанија започна пилот-проект кој има за цел да испита дали вработените би биле исто толку продуктивни доколку нивното работно време се намали за десет отсто. Проектот ќе трае две години, со него се опфатени малите и средни претпријатија и што е најважно платите на учесниците во проектот ќе останат исти.

На располагање се вкупно 10 милиони евра за проектот кој во петокот беше објавен.

Може да учествуваат мали и средни претпријатија со најмногу 249 вработени во производниот сектор.

Државата ќе им плати најмногу 150.000 евра доколку го намалат неделното работно време за најмалку 10 отсто за 25 до 30 отсто од работната сила, во зависност од големината на компанијата.

Компаниите-учеснички мора да покажат и внатрешни организациски подобрувања во првата година од пробниот период, со цел да се подобри продуктивноста и да се компензира за повисоките саатни плати.

Компаниите можат слободно да одлучат дали ќе го намалат дневното работно време или ќе воведат четиридневна работна недела.

Доколку резултатите од пробниот период се позитивни, мерката може да се прошири и на други делови на пазарот на трудот.

Слични содржини