Проект за модернизација на инспекциските служби

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Во Скопје денеска ќе биде презентиран проект за модернизација на инспекциските служби, имплементиран од ИДЕАС ДеПо во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, а финансиран од страна на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД).

На презентацијата најавено е обраќање на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Проектот за модернизација на инспекциските служби Александар Шахов, како и на претставникот на УСАИД за Македонија, Дејвид Атебери.

Предвидено е да бидат презентирани целите на проектот и да се одржи отворена дискусија.