113
Со изградба на двата автопати кои се најдоа во очите на јавноста изминативе денови, се почнало пред да заврши проектирањето. Изведувачите брзале со отпочнување на проектот и од таму почнуваат сите проблеми во изведбата кои најверојатно ќе ја зголемат инвестицијата за стотици милиони евра, велат експерти за сообраќајно инжинерство.
Луѓе од фелата велат дека насипите на автопатот Кичево – Охрид попуштиле затоа што се со слаба носивост. Дополнителни трошоци ќе предизвика потребата од нивно укрутување. Најголемата грешка, велат упатените, е во геодетските истражувања кои не ги предвиделе.предизвиците на терен. Поради специфичноста на земјиштето и реализацијата е доведена во прашање.
„Се работи за крајно специфичен терен, на шега кажувам дека очигледно природата си поиграла со Македонија во тој дел на теренот, имаме на мали растојанија тотално сосема различни геолошки структури кои предизвикуваат промени во одредени решенија кои биле предвидени во текот на проектирањето“, изјави Горан Марковски, професор на Градежен факултет.
На дел од делниците надзорот утврдил нестабилни косини. Шест клучки пак, се изведуваат иако не биле дел од проектната документација. Овие нови моменти од проектот ќе повлчат повеќе средства за изведбата затоа што не биле предвидени. Засега се калкулира со поскапување на автопатите за сто милиони евра, но упатените велат дека тоа ќе се знае откако ќе се изврши ревизија на проектите.
Дел од градежниците сметаа дека доколку ревизијата ги потврди грешките во проектирањето постои можност да им се одземе лиценцата на проектантите. Професорот Марковски, пак, кој учествувал во изведбата на мостовите, вели дека засега не може да се утврди колку ќе поскапи изградбата на автопатите се додека не се направи ревизија.
Од јавното претпријатие за државни патишта веќе третти ден молчат за пропустите во изведба на мегаинфраструктурните проекти кои чинат повеќе од половина милијарда евра. Од подружницата на кинеската компанија Синохидро не упатија за одговори да го побараме претставништвото на терен.
На терен пак состојбата е во мирување. На автопатот охрид кичево деновиве воопшто не се работи, а на делницата Штип мичадинпвци градежните работи се одвиваат со забавено темпо. Спорните проектин се предмет на истрага во сјо каде четвроица поранешни владини функционери се спмничат за корупција. Се очекува истрагата да заврши со обвинение на крајот на месецов.24Вести