Проектантот на реконструкцијата на “Универзална Сала”: Да се поттргнеме малку, да не ни падне конструкцијата!

од Берта Китинска
389 прегледи

Архитектот Бујар Муча, лице кое го донирало проектот за Универзална Сала, денеска пред почетокот на прес конференција се пошегува со присутните новинари да се потргнат малку понастрана да не падне Универзалната сала.

Тој истакна дека градбата е безбедна и за неа има неколку позитивни мислења.

-Гарантирам дека овој објект ќе биде безбеден кога ќе се пушти во употреба. Изјавата на градоначалничката направи голема штета за моето мало проектантско биро од кое земаат плата луѓе кои чуваат деца со тие пари, рече Муча на што Арсовска му одговори дека и гостите што ќе дојдат во салата исто така имаат деца.