Проектил погодил турски брод закотвен во Херсон? Ракетата предизвикала пожар, нема жртви

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Во пристаништето на јужниот украински град Херсон денеска со проектил бил погоден товарен брод во турска сопственост под име „Тузла“, што предизвикало пожар, покажаа видео снимките од местото на настанот.

Проектилот предизвикал пожар, соопшти поморската безбедносна компанија „Амбреи“, а пренесе „Ројтерс“.

Видео снимката покажува дека пламенот ја исполнува контролната соба на бродот, но „Ројтерс“ не може да го потврди датумот на снимката.

Бродот, кој е заглавен во пристаништето од февруари 2022 година, е еден од дванаесетте турски бродови запленети во украинските пристаништа, вклучително и Херсон, кои не се опфатени со договорот за транспорт на жито во Црното Море со посредство на ОН.

– Вчера вечерта имаше напад, најверојатно на пристаништето, а се чини дека експлозив го погоди бродот, но бидејќи немаше екипаж, нема повредени или жртви – изјави анонимен извор.

Слични содржини