Американски воен брод собори проектил лансиран од територија под контрола на Хутите

од Radmila Tasevska

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека бродот „УСС Грејвли“ успешно соборил противбродска крстосувачка ракета лансирана од територијата под контрола на Хутите во Јемен.

Тоа е втор напад на јеменските милитанти врз американски воен брод кој изминатите денови патролира по Црвеното Море.

Како што соопшти американската морнарица, бродот не е оштетен, а во нападот нема повредени лица.

Претходно, Хути соопштија дека неколку проектили биле истрелани кон американскиот брод „УСС Грејвли“ во Црвено Море и дека ќе продолжат со напади врз американските и британските сили, како знак на поддршка за Палестинците

Јеменските вооружени сили ја продолжуваат воената операција со блокада на израелските бродови во Црвено и во Арапско Море додека не се постигне прекин на огнот, а храна и лекови не бидат доставени до опколениот палестински народ во Појасот Газа, изјави портпаролот на јеменската бунтовничка група поддржана од Иран.

Слични содржини