Денеска, здружението за хумано општествен развој Проект Среќа доби донација од компанијата Жито Лукс.
Донацијата се состои од леб, брашно и колачи за потребите на над 1200 регистрирани деца членови, од целата земја, со кои здружението континуирано работи, ги вклучува во своите проекти и нуди помош со секојдневните потреби. Ваквите здруженија создаваат можности за децата од маргинализираните групи, со акцент на децата кои живеат во супстандардни услови и доаѓаат од рурални средини. Сите проекти на кои работат се насочени кон подобар квалитет на живеење на овие групи деца.
„Проект Среќа веќе 5-та година напорно работи на подобрување на животот и животните услови на голем број деца и млади со помалку можности. Искрено сме благодарни на Жито Лукс за нивната донација и веруваме дека со нивните производи ќе донесеме насмевки и среќа за нашите членови. Од исклучителна важност е да се помага на овие деца бидејќи преку помошта и донациите успеваме барем малку да го разубавиме нивното секојдневие, да ги приближиме до сите оние работи кои треба да се достапни за секое дете, со цел да се искористат нивните потенцијали и квалитети“, велат од Проект Среќа.