396
Професор д-р Верица Данчевска од Техничкиот факултет во Битола смета дека пожарот дополнително ги отежнува трагите кои би можеле да се најдат и кои многу повеќе ќе помогнат од соодветен аспект за што се работи.
Според неа, можно е причината за несреќата да било откажување на кочниците.
-Дали е човечка грешка или откажување на некој систем во автобусот. Можеби системот за кочење или пукната гума. Брзината на движење е мистерија која што во секоја сообраќајка е една од најголемите задачи да се одреди. Целиот интерес е свртен кон истрага и вештачењето. Најголема поддршка би биле доказите од судска медицина, вели Данчевска во емисијата „Вин-вин“.