Ова предизвикува нетрпеливост на останатите граѓани и иритира. Доколку сакате да формирате здружение, минимум треба пет граѓани, од кои тројца да се државјани на Македонија. Тие прават основачко собрание, составуваат записник и избираат претседател и органи. Донесуваат статут и програма за работа и тоа е најважното. После тоа се носат во Централен регистар, кој треба да ја види програмата на тоа здружение и што е целта на тоа и задачите. Дали целта е цар Борис Трети е да се овековечи неговиот лик, дали Бугарите во Македонија со тоа сакаат нешто да ја изразат својата самосвест или само да се иритираат другите граѓани, вели професорот од Правниот факултет, Борче Давитковски за отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Според него, Централниот регистрар не требаше да изврши регистрација на ова здружение, но кога е веќе извршена, Министерството за правда можеше да побара поништување на оваа регистрација.
-Сега се меша и Јавно обвинителство. Како ќе реагира кога има ставен катанец на клубот? Тој е само отворен и сега стои затворен. Тие досега не сториле никакво кривично дело. Административно требаше да си ја средиме работата. Како можеме како сериозна држава да дозволиме прво да регистрираме, а потоа државата да бара начин тоа што сме го регистрирале, да го поништиме, прашува Давитковски во гостувањето на емисијата „Студио 10“.