Проф.Дескоски: Не го одобрувам потегот на Русија, но неконзистентноста се плаќа

од Берта Китинска
231 прегледи

Со голема горчина ги примам актуелните изјави на нашите сојузници за кршење на меѓународното право од страна на Русија. Ми иде на ум народната поговорка: со свој камен по глава. Истите овие ликови ни се потсмеваа во лице откако на Суд докажавме дека Грција ја крши Времената спогодба спрема нас, реагира професорот по меѓународно право Тони Дескоски по изјавите на осуда за руското признавање на украинските области Доњецк и Луганск како независни држави.

„Или можеби Меѓународниот суд на правдата не пресуди дека има повреда на меѓународен договор?Не го одобрувам потегот на Русија, но неконзистентноста се плаќа. Изненадувачки брзо.А од вчера натаму, животите на сите нас ќе ни се влошат. Барем за некое време. Се плашам дека ова ќе биде долг и исцрпувачки судир, во кој никој нема да има корист“, напиша Дескоски.

Слични содржини